Зошто весници во pdf?


                Зошто да купувам овде?
  1. Цена - само 50% од печатеното издание
  2. Достапно веднаш по издавањето
  3. не мора да одите до трафика
  4. Неограничени можности за архивирање
  5. Можност за пребарување
  6. Не троши место за чување
  7. Секогаш е при рака (на пр. на меморсикиот стик)
  8. Не завзема место во торбата за носење
  9. Купуваш и читаш и кога немаш пари во џебот
  10. Плаќаш со кредитни картички
  11. Се чита off-line (без трошење на импулси)
  12. Можност за купување на книги од целиот свет

И после планитарниотразвој на интернетот, мобилната и дигитална комуникација, нормално е да и весниците тргнат во тој правец. Иако многу се говори за е-хартијата (тенок флексибилен монитор) ќе треба да мине уште време додека таа технологија биде прифатена од поголем број на корисници.

Од друга страна, денес секој компјутер може отвори pdf документ а таа способност се повеќе ја имаат и мобилните телефони. Ако на сето тоа го додадеме и фактот дека брзината на пристап кон интернетот се повеќе се зголемува - гледаме дека дошло време за весници во pdf формат.

Истражувањето покажало дека во продажната цена на дневните печатени весници преку 60% е трошок за печатење (хартија и штампарија). Ако на тоа го додадеме фактот дека често ремитендата се движи и до 40% - тогаш гледаме колку хартија се фрла.

Освен тоа, минуваат повеќе часови додека од редакција весниците стигнат до печатница па и на трафики. А да не споменуваме можност за купување на локалните весници во други земји и континенти...

Со продажба и купување на весници во pdf формат преку PosPress.com системот се штеди на трошоците за
      - хартија (ги чуваме шумите)
      - печатење
      - дистрибуција
      - време на купување

А сетете се само на ситуацијата кога сте сакале да пронајдете некој одреден текст во весниците или часописот од минатиот месец или од минатата година... Ви требале саати и саати да ги прелистате низ едно брдо стари весници...

А со pdf весниците пребарувањето трае само неколку моменти.
Во нашиот систем можете да пребарувате низ весниците и пред да сте ги купиле и дури тогаш можете да го купите тоа што ви треба.