Како што ниту радиото ниту телевизијата ниту интернетот не ги уништија весниците
така ниту електронските изданија никогаш нема потполно да ги заменат печатените весници и часописи

Зошто овде да продавам?

Истражувањата покажаа дека во продажната цена на дневните весници преку 60% е трошок за штампање (хартија + штампарија).

Ако на сето тоа додадеме и неверојатните проценти на ремитенда (ремитенда од 20% е „распродадено издание“ а се до 40% е „нормална ремитенда“) тогаш гледаме дека продажбата на печатените весници и не е баш исплатлива.

Секако, тука треба да го додадеме и трошокот за дистрибуција кој секако не е мал. А да не го спомнуваме и времето потребно за печатење и дистрибуција.

Со продажба на весниците преку PosPress.com системот се штеди на трошоците
     - хартија
     - печатење
     - дистрибуција

Погледајте го Вашиот финансиски извештај (посебно оној дел за горе споменатите трошоци) и ќе видите за колкави заштеди говориме.

Секако, цената за pdf форматот не смее да биде иста како и за печатеното издание. Пазарот во светот покажа дека корисниците прифаќаат цена до 50% од печатеното издание.

Но, не грижете се. иако цената е преполовена, кога ќе земете во обзир колку сте заштеделе во хартија, печатење и дистрибуција и кон тоа го додадете фактот дека преку PosPress.com системот вашите весници ќе се продаваат ширум целиот свет што ќе го зголеми Вашиот тираж, плус поголема заработка од маркетингот бидејќи сега рекламите може да бидат интерактивни и „кликабилни“ - зголемувањето на заработката е неизбежно.

Кратки упатства

  1. Кликнете овде и пополнете го формуларот
  2. Проверете ја својата email пошта и отворете ја email пораката што сте ја добиле од нас
  3. Морате да кликнете на линкот во пораката за да го активирате Вашата корисничка сметка
  4. После пораката за успешно активирање на Вашата корисничка сметка можете да се логирате
  5. Кликнете на "весници" па на "додај весници" и впишете ги основните податоци за весниците кои ги издавате
  6. Со кликнување на весници добивате можност за додавање на првото издание.
  7. Изданието ќе биде пуштено во продажба дури после проверката на сите податоци и потпишување на договорот за соработка.
  8. За додавање на следните изданија доволно е само да се логирате и направите "upload" на новиот pdf документ.

Накратко, да се продава преку PosPress.com системот се исплати бидејќи:

  1. Воопшто нема трошоци за печатење
  2. Нема трошок за транспорт
  3. Продажниот трошок е минимален
  4. Многу поголема заработка по продаден примерок
  5. Нема ризик при планирање на тиражот
  6. Нема ремитенда
  7. Никогаш не е распродаден
  8. Времето од издавањето до продажбата е моментално
  9. Нашите во дијаспората се жедни за информации од татковината.
  10. Моментална статистика за продадената количина
  11. Расте популарноста кај читателите
  12. Расте популарноста кај огласувачите
  13. Расте цената на рекламниот простор во весниците
  14. Ги зачувуваме шумите.